Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала по погоди источниот дел на Русија, во близина на тромеѓето меѓу Русија, Кина и Северна Кореја попладнето во 13 часот по западноевропско време.
Епицентарот бил на длабочина од 561 километар, југозападно од Владивосток, кај градот Зарубино.
На 63 километри од земјотресот се наоѓа кинескиот град Хунчин, а главниот град на Северна Кореја е оддалечен 600 километри. За сега нема информации за штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.