Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ СВР Охрид поднесе посебен извештај поврзан со М.П.(75) од Охрид.
Пријавениот, во својство на претседател на Здружение на Инвалидски пензионери – Охрид, со искористување на службената положба и овластување и со пречекорување на своите овластувања, на годишното собрание одржано во март 2011 година, спротивно на Статутот на здружението влијаел да се донесат неколку одлуки, меѓу кои и избор на претседател. Тој поднел лажни податоци за двајца членови и потписници на собранието кои, не биле членови на здружението туку се членови на Здружението на старосни пензионери.
Со такво внесување на лажни податоци во службен документ-спис што е должен да го води врз основа на закон, пријавениот изготвил и со свој потпис и печат заверил документ за одржано годишно собрание и членови на собрание со невистинити податоци.
Од увидот во документација од Централен регистар на Република Македонија за членови на здружението, извршен од СВР Охрид во текот на април 2015 година, констатирано е дека член на здружението е лице кое починало во декември 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Помогнете ако можете: Пензионер од Кочани бара жена!
-
Формирано Македонско здружение за кардијална, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Здружението на приватни лекари бара пациентите да плаќаат по 30 денари од посета на матичен (видео)