Рекорден број бегалци пристигнаа на грчкиот остров Лезбос вчера објавија печатени медиуми во Грција, додавајќи дека за само два часа до грчкото крајбрежје пристигнале шест илјади луѓе.
– Ситуацијата се нормализира, но проблемите одново се враќаат и има опасност островот да биде преплавен од емигранти – изјави за Етнос, градоначалникот на Лезбос, Спирос Галинос.
Од саботата до вчера на Лезбос има нови 8.500 бегалци. Новиот бран бегалци од Турција кон Грција се должи на подобрувањето на метеоролошките услови.
На островот денеска ќе пристигнат премиерот Алексис Ципрас и австрискиот канцелар Вернер Фајман. Тие ќе ги посетат центрите за прв прием, идентификација и времен престој на бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.