Маркитовиот ревидиран индекс на менаџери за набавка ПМИ за деловниот сектор на еврозоната во септември падна на 53,6 поени во споредба со претходно соопштените 53,9 поени, велат од британската истражувачка компанија „Маркит“.
ПМИ во август изнесувал 54,3 поени, што е значително над границата од 50 поени, која го раздвојува растот од падот на деловната активност.
Најновите податоци, според зборовите на главниот економист Маркит Крис Вилијамсон, зборуваат дека стопанството на еврозоната во третиот квартал ќе порасне 0,4 отсто, т.е. во истиот обем како и во трите месеци заклучно со јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.