Нова информација се појави за социјалната мрежа „Фејсбук“. Се нудат разни опции за да дојдат корисниците до опцијата „не ми се допаѓа“, но внимавајте бидејќи тоа сѐ уште не е во употреба и скапо ќе ве чини.
Иако неодамна беше објавена информацијата за опцијата „не ми се допаѓа“ од страна на основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, сепак таа нова опција уште не ја виде светлината на денот.
Една од измамите за да се заработи на „Фејсбук“ е опцијата „Обезбедете си дислајк на вашиот профил”, а ако го пополните барањето тоа ќе ви земе пари.
Затоа внимавајте!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.