| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено дете во Велес

Седумгодишно дете е прегазено денеска попладне на улица „Ангел Мишев“ во Велес. Како што соопшти Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, моторцикл марка „Линдгбен“ без регистерски ознаки, управуван од 18 годишен велешанец ,удрил во седум годишно дете кое ја преминувало улицата.

По несреќата пешакот со возило на Итната медицинска помош е пренесено во велешката Општа болница.

Според информацијата од болница детето е вон животна опасност.

-Детето има нагмечување на главата и градниот кош. За секој случај е оставено на хирушкото одделение 24 часа на опсервација, информираат од болницата.

По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила екипа на СВР Велес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top