МВР објави детали за тепачката во која беше повреден бившиот градоначалник на Охрид, Александар Петрески. Тепачката се случила вчера во 13,45 часот во Охрид на бул.„Туристичка“, во канцеларија на Агенција за недвижности „Трим Љум“, сопственост на Ќ.М.(55) од село Биџево-Струга.
Петрески бил присутен во канцеларијата, а потоа влегол и 52-годишниот С.О. од Охрид, кој започнал расправија со Ќ.М. поради нерасчистени имотно-правни односи.
Во еден момент С.О. извадил пиштол „ЦЗ“, кој го поседувал со дозвола, и почнал да им се заканува.
Тогаш бившиот градоначалник Петрески со лицето С.Ѓ.(38) село Велгошти-Охрид, му го одзеле пиштолот, по што С.О. го напуштил лице местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Како што претходно објави Нетпрес, неофицијално во тепачката бившиот градоначалник на Охрид бил удрен со вазна во глава, поради што бил пренесен во болница и хоспитализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица