| четврток, 6 декември 2018 |

Највулгарното издание досега: Дали е можно дека ваква излегла на улица? (фото)

Токму кога ќе помислиме дека веќе сме виделе сѐ и дека не може да биде поневкусно, некои познати жени повторно успеваат да нѐ изненадат со нивниот стил на облекување.

Screenshot_2

Овој пат светлата на рефлекторите ги украде Амбер Роуз, поранешната девојка на Канје Ветс. Меѓутоа, старлетата има оправдана причина за ваква комбинација.

Поранешната стриптизета пред неколку години започнала движење кое се бори за рамноправност на жените, сексуална правда и движење против негативно етикетирање на жените и обвинување на жртвите на сексуално насилство. На ова ја поттикнал „советот“ на еден полицаец кој на група студентки им кажал да не се облекуваат провокативно (како проститутки)  доколку не сакаат да  бидат жртви на сексуално насилство.

Неодамна, во Лос Анџелес е организиран  „Прошетка на проститутките“, со цел  да се подигне свеста за овие проблеми, а Амбер гордо шетала речиси гола.

amber-rouz

На собирот била главна атракција бидејќи се појавила во ултракус, длабоко деколтиран фустан со гол грб, кожени чизми преку колениците и самолепливи чорапи.

Вака оскудно облечена, Амбер носела транспарент на кој пишувало „Моја ваги*а, моја работа“.

„Цел живот се судирам со коментарите дека сум евтина и лесна жена. Ова е мојата поддршка на сите жени кои се судираат со истите проблеми“, кажала Амбер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top