| четврток, 6 декември 2018 |

Со автомобил удрил дете и избегал

Дванаесетгодишно момче од Мала Речица заврши со полесни повреди откако вчера попладне во него удрил автомобил.

Непознато возило налетало и удрило во велосипедот што го возело момчето, по што тоа бил пренесено во тетовската клиничка болница, каде што му е укажана лекарска помош и е пуштено дома.

По извршениот увид се преземаат мерки и активности за расветлување на сите поединости во врска со несреќата и за пронаоѓање на возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top