| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува со сонце, продолжува со дожд – работното време оваа недела

есен

Оваа работна недела ќе донесе попријатни временски услови во првата половина од деновите. Според Метеопро утре ќе биде претежно ведро и сончево. Температурата наутро ќе има вредности околу 11°С низ котлините. Максималната температура ќе биде релативно висока. Ќе има вредности од 24°С до 27°С долж вардарскиот тек, со тоа што повисоките вредности ги очекуваме во јужниот тек. Низините во источниот крај ќе имаат максимална температура околу 23°С, а оние во западниот крај околу 21°С.

В среда потпаѓаме под ново циклонско влијание, кое ќе донесе и нови количини на дожд низ земјава. Доцна претпладне и рано попладне очекуваме врнежите да бидат позастапени во западниот крај, додека попладне и во дел од вечерта врнежите ќе бидет позастапени во источниот регион.

Дневниот максимум на температурата го очекуваме помеѓу 21°С и 24°С во повардарскиот регион, а низ останатите котлини помеѓу 18°С и 21°С.

Врнежливо ќе биде и в четврток, но засега изгледите се дека среда ќе биде поврнежливиот од овие два дена. Во секој случај, овој ден ќе донесе и повремени сончеви периоди но релативно краткотрајни.

Петок ќе биде претежно облачен ден, но со мали услови за дожд. Врнежите би биле позастапени во источниот предел од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top