| четврток, 6 декември 2018 |

Резиденција на Иван Ивановски во Франција

Од денеска до 20 октомври ќе се реализира првата уметничка резиденција во организација на Локомотива-Скопје, на македонскиот визуелен уметник Иван Ивановски, во уметничката асоцијација „Ту енглс“ (2 angles) од градот Флер, регион Долна Нормандија, Франција. Соработката помеѓу Локомотива-Скопје и уметничката асоцијација од Долна Нормандија е во рамките на програмската линија за уметничка размена, водена од Локомотива-Скопје како дел програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.

600600p807EDNmain14011951839_10154102665108238_6051259980713846957_n

Локомотива-Скопје од 2013 година активно ја води програмата за уметничка размена како дел од програмата за Децентрализирана соработка во рамки на која се овозможуваат резиденции на француски уметници и уметнички групи во Македонија, резиденции на македонски ументици во Долна Нормандија како и соработка со македонски и француски културни институции.

Во рамките на оваа програма, Локомотива оствари партнерство со уметничката асоцијација „Ту енглс“ од градот Флер, регион Долна Нормандија која понди двонеделна резиденција за македонски визуелен ументик. Со површина од 400м2, оваа аосцијација располага со три изложбени простори, резиденцијални студија за ументици, ценар за документација и студио за изведбени уметности. Таа е отворен простор за креација кој им нуди можност на уметниците за работа, развој на дела, средби и размена.

Резиденцијата ќе се реализира во периодот од 5 до 20 октомври 2015 година, во рамки на која македонскиот виузлен уметник Иван Ивановски ќе работи на своето дело – уметничка инсталација во простор насловено како „Напуштен/и град/ови“. На крајот на резиденцијата Ивановски ќе направи презентација на своето дело пред уметничката заедница и публиката во градот Флер.

Ивановски беше еден од уметниците кои се јавија на отворениот повик за оваа резиденција, и беше селктиран од 10 пријавени уметници, од страна на жирито во состав: Биљана Тануровска – Ќулавковски, Виолета Качакова, Јане Чаловски (Македонија) и Жером Летинтурие (одговрен за визулени уметности) и членовите на Административниот одбор на уметничката асоцијација „Ту енглс“.

Уметничката резиденција се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура на Р.Македонија, уметничката асоцијација „Ту енглс“ и регионот Долна Нормандија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top