| четврток, 6 декември 2018 |

Маид сними видеоспот во Скопје, наскоро промоција

12083916_10207928878159463_866595085_n

Пред неколку дена заврши снимањето на првата песна и видеоспот на популарниот пејач Маид Хечимовиќ во Скопје.

Момчето кое по учеството на музичкото шоу „Икс-фактор“ стана миленик и на македонската публика, во нашата метропола го снимаше спотот за песната „Док он те љуби“ (Додека тој те љуби). Станува збор за песна на братско-сестринскиот тандем Магдалена и Лазар Цветковски.

12087000_10207928878279466_757700837_n

 

– Ова е моја прва песна по завршувањето на „Икс-фактор“ и да бидам искрен едвај го чекав овој момент. Особено ми е драго што песната е на двајца врвни музички имиња од Македонија. Бескрајно сум благодарен на Лазе и Магдалена за преубавата песна. Особено ми е драго што и спотот го снимавме во Скопје, бидејќи вашата земја ми е посебно драга, можеби втора омилена земја по мојата родна Босна и Херцеговина – вели познатиот пејач.

12081323_10207928878199464_1116350374_n

 

Инаку спотот е под режисерска палка на познатиот Дарио Јанковиќ, додека монтажата е на Дади Ивановски. Истиот се снимаше во хотел „Русија“ и болницата „Филип 2“. Покрај Маид, главни улоги во спотот се и манекенките Антонија и Ива од модното студио „Црнокрак“.

12077094_10207928878079461_1288698387_n

Маид веќе работи на својот прв албум на кој ќе се најдат песни од познатата пејачка Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ и уште неколку други познати имиња.

12087624_10207928878119462_1504382659_n

 

Видеоспотот наскоро ќе биде промовиран и пред македонската публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top