| четврток, 6 декември 2018 |

Снаа и свекрва се борат за живот по труење со печурки

Две гостиварки паднале во бессознание откако, најверојатно, вчера се затруле со отровни печурки. Тие уште синоќа биле пренесени на скопските клиники, каде што докторите се борат за нивниот живот.

Според информации на СВР Тетово, синоќа околу околу 18 часот и 30 минути, во Гостиварската болница биле донесени К.П. (67) и нејзината снаа К.П, (30) од населбата Циглана 2. Постарата жена била во бессознание, а другата видно зашеметена. Таа успела да објасни дека претходно собирале, а подоцна и јаделе печурки. Набрзо потоа имале и нагон на повраќање и болки.

Заради сериозноста на здравствената состојба, по првата помош, тие се пренсени на скопските клиники и, според последните информации, не се контактабилни. Се претпоставува дека труењето настанало од консумирање на печурката аманита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top