| четврток, 6 декември 2018 |

Часот на раѓањето ги открива вашите скриени тајни

Погледнете какво влијание има часот на вашето раѓање на вашиот карактер и особини. Што откриваат овие податоци за вас?

images

Од 0 до 1 часот

Личностите родени во овој термина ги карактеризира импулсивност и агресивност (Овен) здружени со голема истрајност  и издржливост (Сатурн). Ги сметаат за многу упорни, тврдоглави и горделиви личности на кои им недостасува трпение и способност за дипломатија. Во поволни животни околности ваква астролошка констелација може да овозможи неверојатни креативни достигнувања, спортски успеси или војничка кариера.

Од 1 до 2 часот

З вас моќта, угледот и статусот претставуваат најважни животни категории. Јасно  сте насочени  кон материјалните вредности и материјално царство. Поради  ваквиот „апетит“  може да страдаат вашите најблиски. Вашите животни успеси во најголема мерка зависат од огромната енергија која ја поседувате, потребно е правилно да ја насочувате кон вашите цели. Вашето качување до врвот често го потпомагаат влијателни или постари личности.

Од 2 до 3 часот

Имате одлични можности во исто време да се посветувате на различни работни и паралелни цели. Динамични сте и способни  искрено да се воодушевувате или да уживате во различни животни  радости, но исто така мошне бргу го губите интересот за работите кои сте ги почнале. Понекогаш сте исклучиво нетолерантни, потребно е да прифатите повеќе трпеливост во животот и подобро да се прилагодувате  во социјалните односи.

Од 03 до 04 часот

Вие сте доста чувствителна личност, лесно  е другите да ви ги навредат чувствата и да ви ја нарушат психолошката рамнотежа. Конкретни докази на лојалност, верност и наклонетост ви се подеднакво важни, како што ви е важно приврзаноста кон семејството и  домот. Имате потреба да изградите финансиска сигурност. Умеете да калкулирате со парите, недвижности и финансии. Важно ви е да се реализирате во семејството но и во професијата кои се поврзани за уметноста или некоја социјална област.

Од 4 до 5 часот

Вашиот ментален склоп и начинот на размислување секогаш се насочени кон некоја конкретно остварлива цел. Поседувате смисла за добра организација, умеете да изразите силна концентрација и сила на волјата. Речиси во секоја работа поседувате авторитет. Кога ќе им дадете поголемо значење на социјалните односи, ви се случува лесно да западнете во депресивни расположенија.

Од 5 до 6 часот

Најдобро се чувствувате кога се наоѓате во можност да уредувате се околу себе или да коригирате различни проблеми, неправилности и грешки – тежнеете кон хармонично уредување на светот. Често ризикувате вашите пари да ги трошите на работи кои ви се непотребни. Во работата сте вредни и речиси совршено ги извршувате  вашите должности.

1-astrologijata-i-ulogata-na-chasot-na-ragjanje-vrz-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Од 6 до 7 часот

Вие сте шармантна, префинета и мила личност, речиси секогаш водите сметка за изгледот и имиџот. Имате префинети манири и смисла за стил  и декорација. Вашиот дом е вкусно уредена и е топло и пријатно месо каде се собираат вашите пријатели. Најголема опасност за вас  се крие во фактот дека вашата емоционална сигурност и рамнотежа  повеќе зависи од другите, отколку од вас самите.

Од 7 до 8 часот

Умеете на конкретен начин да ги дефинирате ваите ставови и јасно да ги одредите животните приоритети. Вие сте личност која најчесто го зборува тоа што го мисли. Но умеете да бидете и таинствени и знаете да чувате тајни. Успехот во работата често зависи од вашата подготвеност се да подредите кон една цел. Поседувате добра интуиција. Различни интриги, недоверба или измами може да ве исфрлат од такт.

Од 08 до 09 часот

За вас се важни акција, игра, спорт и многу движење на свеж воздух. Постојано се обидувате да пречекорите некои субјективни или објективни граници, сеедно дали се во прашање општествени, духовни или просторни граници. Поседувате истражувачки дух и ве привлекуваат нови знаења, авантури, патување и запознавање на нови луѓе. Вие вистински авантуристи.

Од 9 до 10 часот

На вас постојано ви се потребни некои конкретни цели или поводи за да бидете активни. Благодарение на способноста за организација и за дисциплина, по правило речиси секогаш успешно ги остваруваат целите што сте ги поставиле на себеси.  Вие сте амбициозни, но и неверојатно издржливи и упорни. Секогаш добро се чувствувате кога им помагате на другите, пред сè на членовите на вашето семејство. Имате смисла за традиционалните вредности и  почитувате традиционални ставови.

Од 10 до 11 часот

Според вас, сите луѓе се еднакви и вие сте еден од тие што се борат за поголема толеранција, рамноправост, правичност и филантропија. За вас не постојат класните разлики, на секого му дозволувате негов личен став и индивидуален развој. Имате развиено чувство за занимавање со окултното, полни сте со разбирање за другите и секогаш сте отворени за нови или современи идеи. Сакате да се дружите и искрено ги сакате луѓето, така што најчесто сте опкружени со   искрени пријатели.

Од 11 до 12 часот

Вие сте особено успешни кога работите ги извршувате “зад кулисите“. Во некои скриени, мистериозни или невообичаени ситуации, навистина можете да постигнете големи работи и неверојатни резултати. Се додека успевате на себеси да си овозможите доволно мир и да ги наполните внатрешните батерии, ви престојат можности за исклучителна кариера во полето на уметноста, во соцјална или медицинска сфера и ништо нема да ве запре на патот  кон целта.

1-chasot-na-ragjanje-vlijae-na-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Од 12 до 13 часот

Речиси секоја работа која ќе ја започнете ја завршувате во целост. Одговорни сте, вредни, дисциплинирани и совесни. Вашиот ум не ви дозволува да не трошите премногу енергија и време на работи кои не се важни. Материјалната сигурност во рамките на семејството се најважни категории за вашиот душевен мир и за животна благосостојба.  Меѓутоа, многу ретко покажувате  лична инцијатива во социјалниот живот и во емотивните односи.

Од 13 до 14 часот

Премногу обрнувате внимание на мислењето и расположението на вашата средина, често запаѓате во ситуации кога коментарите или зборовите од другите ве погодуваат и растажуваат. Интуитивно ги впивате сигналите на другите околу вас и се препуштате на импулсот, расположението или влијанието кое постои околу вас. Поседувате невообичаени способности, таленти или интереси, умеете да остварите исклучителен успех во специфични професии.

Од 14 до 15 часот

Вие сте личност која тежнее кон високи цели, поседувате рафинирани или аристократски манири . Најчесто на вашиот животен партнер му останувате верни до крајот на животот. Но, доколку почувствувате дека вие во неговиот живот не заземате главно или централно место ќе побарате друг партнер. Можете да остварите значителни  успеси на поле на уметноста, глумата или економија. Имате изразно чувство  за семејството и особено децата, понекогаш за нив сте спремни да ја жртвувате и сопствената кариера.

Од 15 до 16 часот

Потполна афирмација доживувате само во онаа професија во која може да ги внесете сите ваши чувства. Воедно, тоа е и волшебната формула за вашата животна сатисфакција и остварување во сите области. Вие сте љубезна личност која блеска од самодоверба. Но умеете да бидете и раздразливи, особено ако почувствувате дека сте отфрлени. Потребно е да ги компензирате фрустрациите и  емотивната ранливост низ некои практични активности, но и да ги искажувате своите лутини без да ги потиснувате.

Од 16 до 17 часот

Материјалните вредности, имотниот аспект и парите за вас имаат важно значење Поради тоа сметате дека  како лична обврска е веќе во прават половина од животот е остварување на материјална сигурност и економска независност, како и личен имот. Во тоа значително ви помага вашата способност да се воздигнете над секојдневието и некои ситни  проблеми, како и можност работите да ги согледувате работите од поширок аспект.

259774

Од  17 до 18 часот

Во основа сте голем перфекционист, умеете аналитички да ја согледате ситуацијата и да го процените најдоброто решение. Често пати другите ги цената вашите способности и заземате некоја висока или одговорна функција. Вие сте практична личност и со успех се справувате со луѓето кои се спротивставуваат на вашите планови. Понекогаш вашата склоност кон детали умее да  ве заведе или ви стои на пат кон остварување на целите. Но, често вие умеете да остварите фантастичен спој на теорија и пракса .

Од 18 до 19 часот

Само во различни облици на партнерско поврзување, здружување или во однос со другите луѓе можете да ги остварите вашите цели. Потребно е што повеќе да се ориентирате кон заедницата. Во пријателски односи потребно ви е доста трпение, за да излезете на крај со самите себе. Најголема опасност ви се заканува од ситуациите кога вашиот партнер може да ви поставува некои виски барања, кои вие на подолги рокови не можете да ги исполните.

Од 19 до 20 часот

Вашата склоност кон ризик и различни предизвици, може да ви овозможи големи успеси и високи позиции во општеството. Поради пренагласените сексуални апетити,  лесно запаѓате во различни опасности. Понекогаш ги губите од вид другите вредносни аспекти што постојат во трајна врска, како што се верноста, наклонетоста кон партнерот и семејството и духовните интереси. Во суштина, во сè што правите би требало да избегнувате неумереност и екстреми.

Од 20 до 21 часот

Вие сте личност која ја придвижува речиси се што е ново, непознато и невообичаено. Ве возбудува истражување на непознатото и ве поттикнува на врвни подвизи. За вас животниот еликсир претставуваат далечните патувања во некои неистражени краеви или култури. Емотивна приврзаност за една личност или “слепа верност“  не припаѓаат на профилот на вашата личност. Најмногу можете да му бидете благодарни на вашиот оптимизам, кој е одговорен да и по најголемото паѓање вие сте состојба да се исправите и тргнете во височини.

Од 21 до 22 часот

Поради латентниот страв некој д  не ги изневери или повреди вашите чувства на другите луѓе често им делувате како инертни и спори.  Умеете да биде склони големи фантазии. Но кога еднаш ќе ве запознаат ви на вашите пријатели им подарувате многу разбирање, емотивна топлина и искрено сочувство. Големо внимание подарувате на некои видливи или конкретни докази  на љубов и често пати сте изненадени доколку работите не испаднат како што вие ги замислувате.

Од 22 до 23 часот

Вие сте личност што располага со исклучителна интелигенција и често размислувате на оригинален и генијален начин, според друг ментален модел  во однос на останатиот свет. Интелектуалните способности или  менталната супериорност ви овозможувате да ги решавате и најтешките животни проблеми, тајни и загатки. Вие се наоѓате во одредена предност во однос на другите, а особено во однос на медиокритетите. Поради тоа не би требале да се однесувате арогантно или нарцисоидно. Скромноста е голема доблест.

Од 23 до 24 часот

Со вашиот час на раѓање владее таканаречено “ноќното Сонце“. Тоа симболизира  внатрешна или духовна светлина и енергија и ви овозможува интроспекција и себе познавање. Вие сте личност која е склона кон окултни интереси. Во секојдневниот живот не сакате компромисни варијанти. Често  пати вашата животна парола е “Се или ништо“, а во љубовта умеете да бидете посесивни и љубоморни.

Infinity-Time1-520x310

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top