Прилепчанецот Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани е лицето што утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар – Кичево.
Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката се случила околу 7 часот при судир на комби марка „ситроен џамбо“ со прилепски таблички, управувано од сега починатиот Мендо Г., и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблички, кое било паркирано на патот.
– Сообраќајката се случила кај местото Зли Дол, кај каменоломот. Возилото што го управувал сега веќе починатиот Мендо Г. роден 1973 година од прилепското село Воѓани, е излетано од патот. Екипи на СВР-Битола, итна медицинска помош и пожарникарска служба сè уште се на терен, а поведовме и истрага за утврдување на причините за оваа сообраќајна несреќа – истакна Сања Стаматова, портпаролката на СВР-Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч