Свеста е таа што, преку постојано едуцирање и информирање, ги води жените кон превенција од рак на дојка, негово рано откривање и успешно лекување, порачаа учесниците на денешната 7. традиционална прошетка „Напред розово“ што ја организира Здружението „Борка – за секој нов ден“ во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.
– Секој чекор што го правиме ние самите, е наш личен чекор, но кога чекориме заедно, тогаш ја даваме нашата безрезервна поддршка на оние што им е најпотребна – на заболените од рак на дојка, рече Маја Иванова, спопругата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, која заедно со американскиот амбасадор Џес Бејли беше дел од „Напред розово“.
Иванова, како што истакна, неколку години по ред ја поддржува оваа иницијатива преку која „Борка“ го величи животот и го слави здравјето, придонесувајќи со тоа за квалитетен и достоинствен живот на сите заболени од рак на дојка.
– И денеска сум овде гордо застаната со сите мои сакани „борки“ за да ја развиеме повторно розовата панделка, повторно под едно силно мото дека секој живот заслужува да има посебно внимание и третман, напомена Иванова.
Според неа, вреди да изодиме милион чекори за да ги поттикнеме, охрабриме и поддржиме болните од рак на дојка да истраат во нивната тешка битка и од неа да излезат како победници.
– Но, вреди да изодиме и милион чекори за да ги поттикенме сите жени на редовни прегледи, за самопрегледи, за тоа што значи превнцијата од оваа болест и раната дијагностика, а ако се соочат со ова болест и нивно рано дијагностицирање и посебен третман на лекување, потенцира Иванова.
Како што нагласи претседателката на „Борка“ Биба Додева, долгогодишните активности даваат резултат. Се поголем е бројот на жени кои редовно одат на прегледи, а тоа покажува дека свеста е веќе подигната. Во оваа насока многу помогна и воведувањето на скринингот.
– По толкугодишно лобирање заедно со многу други здруженија, успеавме, Министерството за здравство имаше слух и конечно најде можности да го имплементира скринингот. Токму на тој начин ќе поттикнеме повеќе жени успешно да се излекуваат, рече Додева, укажувајќи колку е битно раното откривање ако се земе предвид фактот дека во тој случај преживувањето е над 98 проценти.
Поздравувајќи го ангажманот на здружението „Борка“, но и присуството на сите волонтери, американскиот амбасадор Бејли рече дека многу мал број луѓе во светот денес немаат мајка, сестра, баба, братучетка, ќерка, пријателка што не страда од рак на дојка.
– Тоа е нешто што сите не обединува. Денес сме здружени во марширање напред како поддршка на лекувањето и поголемата свесност зашто таа ги води жените кон рано откривање на болеста и спасувањето живот. САД се горди што соработуваат со „Борка“ и другите организации за подобрување на човечкото здравје и решавање на ова многу тешко прашање, порача Бејли.
Се смета дека годинава во Македонија има преку 1.200 новозаболени што е по речиси три жени на ден.
На прошетката присуствуваа и голем број жени од различни возрасти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прија се смири крај Филип, а и нејзината мајка има момче: Ќе ви се сврти во главата од неговиот изглед!
-
Четири лоши навики кои предизвикуваат рак кај жените
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Го пиеме секој ден, а може да предизвика рак на дојка?