| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба во стан во Тетово, причинета штета од околу 3.000 евра

кразба

Вкупна штета од 170 илјади денари пријавил А.А. (45) по кражбата што непознати сторители ја извршиле вчера во неговиот стан на улицата Илинденска во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според пријавата на А.А. непознатите го искористиле отсуството на домашните од станот во периодот помеѓу 15 и 16 часот и откако насилно ја отвориле влезната врата без многу пребарување од фиока во работната маса во салонот одзеле Ајфон 5 додека од јакна во плакарот одзеле повеќе парчиња златен накит, 2.200 евра од женски паричник и 300 евра ставени во плик. Незабележани од никого крадците излегле од станот.

А.А. по враќањето дома проценил дека вкупната материјална штета од кражбата е околу 170 илјади денари по што го пријавил случајот во полиција чии службеници извршиле увид и работат на утврдување на идентитетот на сторителите и се друго поврзано со пријавената кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top