| четврток, 6 декември 2018 |

Некои работи применливи на работното место, а ги знаеме уште од градинка

deca

Старата поговорка вели „човекот учи додека е жив“. Но, некои важни работи за животот се учат уште во текот на раното детство.

Постојат некои работи коишто сме ги научиле уште додека сме биле во градинка, и постојано им се повторувани на децата. Но, се чини дека важат за секој возрасен човек.

– Секогаш обиди се да направиш нешто сам пред да ја прашаш твојата учителка.

– Треба да го покажеш она што го знаеш.

– Можеш да станеш добар во нешто само ако вежбаш.

– Не е добро да бидеш злобен и лош кон другите, дури и ако воспитувачката од градинката не гледа што правиш.

– Добро е да читаш со постарите деца.

– Треба да имаш на ум дека се` што читаш не е вистина.

– Слушај додека другите деца зборуваат.

– Постојат многу работи кои треба да ги научиш.

– Не треба да ја извршуваш задачата во последен момент.

– Луѓето не сакаат да слушаат колку си ти паметен, сакаат да слушнат колку се тие паметни.

Ако другите деца ги замениме со колеги, а учителката или воспитувачката со шефот, тогаш јасно е за што станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top