Русија тврди дека метите во Сирија се одредени според известувачките податоци, а помеѓу метите се нашол и командниот центар на Исламската држава, како и кампот за обука на терорирсти.
Русија објави видео запис во кој, како што кажуваат самите, покажуваат како го бомбардираат командниот центар на Исламската држава, како и нивниот камп за обука. Руското министерство за одбрана наведува дека видео записите се од вториот ден од бомбардирањето на цели на терористи во Сирија, јавува RT.
Министерството објави дека нивните авиони Su-24M и Su-25, извеле осум летови од базата Хмеим во Латакија, на медитеранското крајбрежје, кон терористички цели.
Метите се одредени според собраните известувачки податоци. Според изјавата на министерството, нападите врз складиштето за оружје се изведени со “хируршка прецизност”, а кампот е потполно уништен.
Тие сметаат дека на тој начин ги спречиле ИСИС да ја вратат командата над провинцијата Хама, во централна Сирија, кои што руските воени сили ја бомбардираа во средата.
Франција стравува дека Русија изведува сомнителни напади
Францускиот претседател Франсоа Оланд денес ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин за нападите во Сирија, односно, стравувањата на Франција и САД дека Русија изведува сомнителни воздушни напади на сириските милитанти.
Инаку, Путин денес во Париз ќе се состане со украинскиот претседател Петро Порошенко на тема околу преговорите за Украина, но во Париз, покрај Оланд, ќе биде и германската канцеларка Ангела Меркел, па тие двајца ќе имаат добра прилика за со Путин да поразговараат за состојбата во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


