Проектот „Прва шанса“, кој на студентите им нуди симулација на работа во компанија, со помош на работа на проекти како и идно вработување, ќе биде презентиран денеска. Минатата година, според статистиките, 50 проценти од младите се регистрирани како невработени. Во насока на информирање, едукација и подготовка на студентите, „Трипл ес груп“ (Triple S Group) и „Американ колеџ“ од Скопје најдоа начин како на студентите, преку интересен начин, да им ги откријат тајните при вработување во компаниите.
Денеска во 15 часот во просториите на „Американ колеџ“ ќе се одржи првата презентација на оформените тимови. Со завршување на првата презентација, студентите ги очекуваат уште две фази за на крај најдобро оценетиот тим да добие парична награда и можност за вработување во „Трипл ес груп“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови