| четврток, 6 декември 2018 |

Дрон бомбардирал позиции на ИД во Сирија

Беспилотно летало гранатирало позиции на Исламска држава во сирискиот град Рака, соопшти денеска Сирискиот центар за човекови права.

sirija rusija

Рака е еден од главните оперативни центри на ИД во Сирија. Реонот бил неколкупати бомбардиран од коалицијата предводена од САД.

Руски воени авиони исто така бомбардираа вчера цели во реонот на Рака, соопшти руското Министерство за одбрана. Засега нема информации за жртви ниту за тоа чиј дрон извршил напади.

ИД денеска не организирала петочни молитви во џамии во Рака поради стравување за можни руски воздушни удари, соопшти Центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top