| четврток, 6 декември 2018 |

Истанбул: Уапсени 44 лица осомничени за тероризам

Турската полиција денеска приведе вкупно 44 лица осомничени за тероризам и за членство во Курдската работничка партија (ПКК) и други терористички организации.

turska-policija

 

Полицијата презеде акции во 28 квартови на Истанбул, при што се одземени три пиштоли, поголемо количество куршуми и документи.

Дел од турските медиуми јавија дека меѓу уапсените има и членови на курдската Демократска партија на народите, како и членови на синдикати и поранешни градоначалници.

Во меѓувреме во градот Силван, во југоисточниот округ Дијабекир силите за безбедност презедоа антитерористичка операција во која учествуваат и снајперисти и борбени хеликоптери. Акцијата во Силван е преземена откако вчера припадници на ПКК убија двајца турски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top