Триесет и тригодишниот Г.С. од Скопје е виновен за несреќата во која загинаа неговата сопруга и четиригодишниот син, извести денеска Основното јавно обвинителство.
Вештачењето докажало дека тој на 26 мај годинава околу 18.45 часот со својот патнички автомобил марка „мазда 3“ со брзина од околу 109,77 км на час удрил во сигурносен триаголник поставен на коловозната лента по која се движел, го турнал и продолжил да се движи.
На автопатот претходно веќе се случила сообраќајна незгода помеѓу две товарни моторни возила „мерцедес атего“ и „мерцедес“ и бидејќи не можел да го запре возилото удрил со предниот десен дел од автомобилот во задниот лев дел од товарното возило „мерцедес атего“ оштетувајќи го истото и продолжил да се движи, притоа го завртел својот автомобил и сопрел попречно на средината од коловозната лента по која се движел. На самото место на несреќата, од силината на ударот, починале неговите сопатници – сопругата (34) која седела на совозачкото место и синот (4) кој седел во седиште за дете зад седиштето на совозачот .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.