Пет дена и ноќи траат антивладините протести на Демократскиот фронт (ДФ), чии лидери и бројни приврзаници во шатори на Булеварот „Свети Петар Цетињски“ и во блискиот парк во Подгорица чекаат исполнување на барањата од премиерот, претседателот на државата и претседателот на Парламентот.
Пред црногорскиот Парламент има над 500 шатори во кои се сместени камперите-демонстранти, кои бараат смена на Владата на Мило Ѓукановиќ, формирање на нова, преодна влада и распишување на фер и демократски избори во Црна Гора. Тие бараат и целосна имплементација на изборното законодавство, електронска идентификација на гласачите, прочистен избирачки список, контрола на сите државни ресурси и на безбедносните служби, како и рамноправен третман од Јавниот сервис.
– Треба да знаат дека немаме намера да отидеме од овде се додека не ни се исполнат целите- изјави претеникот на Демократскиот фронт, кој раководи со бунтот, Мулитин Ѓукановиќ.
Општинската комунална служба порача дека ќе интервенира и оти утре ќе ја отстрани бината пред Парламентот. Но, одлуката не се однесува на шаторите на демонстрантите. За сега нема тензии иако протестот го обезбедуваат силни полициски сили со околопни возила. На покривот на Парламентот има припадници на специјалната полиција.
ДФ има поддршка од 20.000 луѓе, а на протестите се истакнуваат знамиња на Црна Гора, на Србија, на Русија, на Доњецк и на Грција, како и транспаренти на кои пишува: „Готово е, Мило, твоето“, „Диктаторот е готов“, „Оди си Мило“, „Мило, срам да ти е, погази се што е човечко“, „Бараме оставки“, „Се украдовте“.
Покрај лидерите на ДФ на протестите присуствуваа и првите луѓе на Социјалистичката народна партија (СНП), Срѓан Милиќ и Александар Дамјановиќ, како и група независни пратеници.
– Протестите се нужност, бидејќи во овој момент тие се единствен пат да се дојде до клучната цел, до фер и чесни избори во Црна Гора. Еднаш за секогаш да ин кажеме збогом на изборните кражби и измами. Услов е оставка на Владата на Мило Ѓукановиќ. Убеден сум во успех, бидејќи на протестите им се приклучија голем број граѓани, кои овој режим ги доведе до сиромаштија. Овде го браниме достоинството на црногорскиот човек- изјави пратеникот на ДФ Предраг Булатовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија