| четврток, 6 декември 2018 |

В сабота, инклузивен ден во седум големи градови во Југоисточна Европа

Деца, родители и наставници од 49 училишта на 3 октомври, сабота, точно на пладне, ќе се соберат на јавни простори во седум главни градови од Југоисточна Европа за да ги промовираaт придобивките од инклузивното образование.

unnamed

Настаните кои ќе се одржат во Тирана, Сараево, Загреб, Подгорица, Белград, Приштина и Скопје ќе делуваат силно синергиски бидејќи ќе се случуваат во ист ден и во исто време. Ќе се одржи свечена програма на ученици под мотото „Сите се смееме но, на различен начин“.  Во Скопје настанот ќе се одржи на сквер „Јадран“ во 12 часот , со свеченa програма на учениците и ученичките од АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Овие промотивни настани се посветени на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа „Регионална поддршка за инклузивно образование” во Југоисточна Европа.

Реализирани се радио и ТВ образовни серии, како и видео пораки од познати личности од регионот, со цел да се промовира инклузивно образование и релевантно инклузивните политики и искуства во редовните основни и средни образовни системи во Југоисточна Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top