| четврток, 6 декември 2018 |

Катарина Ивановска порачува: Децата не доаѓаат со воздушни перничиња

рссп

Познатата топ-моделка Катарина Ивановска, презентерката Татјана Стојановска, Панчо Шорти, Тони Михајловски, пејачката Симона Попоска и други се приклучија кон кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Секое дете заслужува да му се радува на животот“, „Гушни ги децата дома,но врзете ги со појас во автомобил“, гласат само дел од пораките кои на жолти табли ги кренаа во рацете познатите македонски личности за кампањата насловена „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

рссп2

Манекенката Ивановска, како и другите, велат дека во светот е практика познатите личности да даваат поддршка за една ваква кампања со апел до возачите да внимаваат многу, особено кога се во прашање децата.

рссп3

РСБСП упати благодарност до сите и ги повикува и останатите јавни личности да го следат примерот давајќи го својот придонес во една ваква општествено корисна и благодарна цел.

рссп4

рссп5

рссп6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top