| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Белучи: Педесеттите се подобри од дваесеттите

monika beluci

Преубавата Моника Белучи на вчерашната прослава на нејзиниот 51. роденден порача дека педесеттите се подобри од дваесеттите.

– Кога навршив 50 години не се залажував дека и понатаму можам да имам енергија и полет како една дваесетгодишна девојка. Никогаш не би се вратила во тие години. Во четириесеттите бев борец, а сега е време за преродба – рекла Белучи во своето најново интервју, кое го дала по повод новиот филм за Бонд. Во него актерката глуми сопруга на Бонд, а не негова девојка.

Славеничката во интервјуто открива и дека не сака јавни настани.

– Нема полоша работа од тоа да морам да се појавам во Кан – рекла Белучи.

Таа не води преголема грижа за својот изглед. За својата убавина може да им се заблагодари само на гените.

– Не вежбам, не трчам, сакам многу да јадам, едноставно кажано – мрзлива сум! И не бегам од тоа – рекла Белучи, која пред две години се разведе од актерот Винсент Касел, со кој имаат две ќерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top