Со првите руски воздушни удари во Сирија почна и медиумската војна околу оваа операција. Сириските бунтовници тврдат дека Русија убила 36 цивили во Талбисеху, близу Хомс и веќе ја почнаа војната против руските „окупатори“, а Русија тврди дека нејзините авиони не гаѓале цивили. Бунтовниците, според Русиите, оваа вест ја објавиле пред да почнат нападите. „Би-би-си“ пишува дека состанокот меѓу САД и Русија ќе се одржи во најбрзо време, со цел да се спречи судирот меѓу овие две земји во Сирија.
Руската телевизија на англиски „Раша тудеј“ наведува дека извештаите за цивилните жртви доаѓаат од опозицијата во Сирија, како и дека некои од тие фото фокази дека Русија извршила убиства се разоткриени како лажни.
Така, фотографијата на Сириец како носи во раце девојче „по рускиот напад на Хомс“ која се појави вчера на твитер, според тврдењата на „Раша тудеј“ веќе била поставена на оваа социјална мрежа и тоа на 25 септември, една недела пред почетокот на рускиот напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст