| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Белучи: Не вежбам, не трчам, многу сакам да јадам

Убавицата Моника Белучи вчера го прослави 51. роденден и порача дека педесетите се подобри од дваесетите.

beluci

– Во 40-те бев борец, а сега е време за препородување – изјави Белучи во интервју во кое говореше за новиот филм за Џејмс Бонд, каде што го толкува ликот на сопругата на Бонд, а не на неговата девојка, нагласува таа.

Белучи вели дека не се грижи премногу за својот изглед.

– Не вежбам, не трчам, многу сакам да јадам. Едноставно, мрзлива сум и не бегам од тоа – изјави Белучи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top