| четврток, 6 декември 2018 |

Исчистете ги цревата со радикален метод за само два дена: не дозволувајте болестите да се лепат за вас!

Оваа течност, велат упатените, е корисна за лекување рак, но и за превентива со цел никогаш да не се случи такво нешто.

Викторија Семјонова е стручњак за природно лекување. Со светот го сподели својот рецепт за радикално чистење на цревата. За овој рецепт ќе ви бидат потребни следниве состојки: Половина килограм моркови, половина килограм цвекло, една рака суви кајсии, една рака суво грозје и една лажица мед.

Би било одлично доколку сите состојки се органски. Земете половина килограм свежи моркови и исто толку цвекло. Исцекајте ги ситно и ставете ги во неоштетено емајлирано тенџере. Прелејте ги со зовриена вода, така што водата ќе биде два прста над зеленчукот.

Потоа додајте ги сувите кајсии и сувото грозје. Ставете го тенџерет на оган за да зоврие водата. Откако ќе зоврие веднаш тргнете го од оган. Кога малку ќе се олади, додајте го медот и оставете го тенџерето да отстои поклопено 12 часа на ладно место.

Потоа, процедете ја добро течноста. Течноста ќе ја пиете, а остатокот искористете го во кулинарски цели.

Пијте по половина чаша (1-1,5 дл) трипати на ден пред оброците. Подобрување ќе почувствувате по само два дена. Ваквиот процес за чистење на цревата треба да трае еден месец. Без грижа, никако не можете да си наштетите бидејќи сите состојки се природни. По оваа постапка цревата се препородени. Течноста чувајте ја во фрижидер и не правете залихи за многу денови. Најдобро е да ја користите оваа мерка и навремено да си подготвите нова.

Извор: Денар.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top