Руските борбени авиони и денеска продолжуваат со бомбардирање на позиции на Исламската држава во Сирија, а според последните информации уништени се 12 цели, меѓу кои и командниот центар на ИСИС. Се очекува итна средба на американските и руските воени трупи за да разговараат за понатамошната стратегија. Западните медиуми пренесуваат тврдења на сириската опозицијата дека руските авиони гаѓале цивилни цели, кои руските официјални служби остро ги демантираат.
Руската авијација во текот на ноќта нападнала четири објекти на ИСИС во Сирија, а авиони од типот Сухој Су-24М и Су-25 извршиле осум прелети, соопшти руското министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека е погоден магацин со муниција во близина на Идлиб и троспратна зграда во која е сместена командата на ИСИС во Хам.
Уништен е и објект северно од Хомс во кој се поставувани бомби во автомобили за извршување на самоубиствени напади, се додава во соопштението што го пренесува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.