Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски синоќа оствари средба со македонската дијаспора во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави.
Во своето обраќање Груевски, како што соопшти владината служба за информирање, ја истакнал значајноста на македонската дијаспора во промоцијата на македонските интереси, посочувајќи дека Владата и во идниот период ќе продолжи да ги остварува заложбите за унапредување на соработката со иселениците и ќе продолжи да спроведува проекти кои се од интерес за дијаспората.
Премиерот ја нагласил и значајноста на финансиските контрибуции кои македонските иселеници ги упатуваат на членовите на нивните семејствата кои живеат во нашата земја, велејќи дека иселениците се значаен сегмент од македонската нација кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат.
Владата, како што посочил премиерот Груевски, го втемели правото на глас на иселениците. Во оваа прилика тој искажал благодарност до претставниците на македонската дијаспора за промовирањето на Македонија.
– Благодарен сум и за поддршката што секаде каде што можете, а тоа ми е потврдено од многу ситуации и информации, лобирате за Македонија, го ширите добриот глас за Македонија, и тоа многу значи. Не е единствено важно тоа некој да го направи во Обединетите Нации или во Белата Куќа или во некои центри, тое е секако многу важно, но многу е важно, исто така, и ширењето на добриот глас за Македонија насекаде, на секое место, и тој добар глас што се шири за Македонија да стекнува што е можно подобар имиџ, истакнал премиерот Груевски во своето обраќање пред иселениците во Њу Џерси.
Тој се осврнал и на проектите кои се спроведуваат, а во чиј фокус се македонските иселеници, како што е проектот преку кој членовите на дијаспората на ефикасен начин може да ги добиваат потребните документи кои ги издаваат надлежните органи на Република Македонија. Претседателот на македонската Владата ги информирал присутните и за реформите кои се спроведуваат во нашата земја, и истакнал посветеност за градење на понатамошни заеднички активности со дијаспората.
Македонските иселеници позитивно ги доживуваат средбите со македонската Влада и од нивна страна активно работат на промоција на Македонија.
– Драго ми е што премиерот и другите претставници на нашата Влада дојдоа да не посетат тука. Ова не е прв пат, но не и последен, се надевам дека ќе бидат и почести ваквите посети, ќе не сплотат, значи нема да се чувствуваме сами тука, ќе знаеме дека нашата Влада мисли на нас затоа што и ние мислиме на Македонија, постојано и ја посетуваме Македонија. Ја промовираме, кај што ќе најдеме и јас и мојата фамилија ја промовираме нашата држава, и носиме и луѓе да ја посетат, покажуваме слики, настани, покажуваме и културни збиднувања што се случуваат во Македонија, изјавил Никола Попоски, кој во Њу Џерси работи како професор во средно училиште.
Иселениците упатиле благодарност до владината делегација за постојаната комуникација со иселениците и реализацијата на проекти кои се од интерес за дијаспората, истакнувајќи дека и во следниот период тие активно ќе дејствуваат со цел поддршка на политиките на Владата за привлекување на странски инвестиции.
– Македонската заедница во регионот на Њу Џерси, Њујорк и Конектикат се труди максимално за остварување на контакти со бизнисмени кои што се дел од оваа заедница, да се овозможи тие се повеќе да инвестираат во Македонија и се повеќе да остваруваат бизнис контакти со претставниците на бизнис секторот во Македонија, изјавил Горан Митевски, стопанственик од Њу Џерси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст