Иако од „Фејсбук“ тврдат дека се борат против порнографски содржини, таквите групи и страници на социјалната мрежи се појавуваат како печурки по дожд.
Страницата „Признати нимфоманки“, која ја уредуваат Чеси, полна е со фотографии на полуголи девојки. Таа е наследничка на страната на која девојките споделуваа свои сексуални искуства со други луѓе.
„Имам 20 години, а секс ми е потребен трипат на ден“, е едно од признанијата.
Една девојка открила дека спие со богати мажи, намерно бара бизнисмени, кои ги заведува, а пота ги уценува и зема многу пари од нив. Девојките признаваат дека понекогаш не одат ниту на училиште бидејќи сакаат да останат дома и да гледаат порнофилмови и да учат сцени, кои потоа ги користат за да ги заведат потенцијалните жртви.
Првичната страница имала 30.000 обожаватели, додека, пак, нејзината наследничка од ден на ден го зголемува бројот на обожаватели. Сите информации се проследени со разголени фотографии во експлицитни пози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.