Руското Министерство за надворешни работи денеска ги обвини западните земји дека по стартот на руските напади врз цели на џихадистичката група Исламска држава во Сирија, започнале информативна војна против Русија.
Портпаролот на Министерството, Марија Захарова истакна дека дел од таа информативна војна се и тврдењата на некои западни медими дека руските напади во Сирија довеле до цивилни жртви.
– Откако министерот (за надворешни работи на Русија) Сергеј Лавров во ОН го објави почетокот на руската воена операција во Сирија, западните и украинските медиуми започнаа со масовно објавување на невистинити информации дека при нападите загинале цивили, изјави Захарова.
Според неа, овие медиуми шират и невистини дека „воената опрација на Русија во Сирија е насочена против демократските сили и мирното население“.
– Тие информативна напади се дел од добро подготвена инфромативна војна (против Русија), истакна Захарова, апелирајќи до медиумите да објауваат само веродостојни и проверени информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.