| четврток, 6 декември 2018 |

Промовиран ДВД-материјал со знаковен јазик

Проектот „Секој има право да го разберат“ е поддржан од Министерството за култура и освен развој на библиотечната дејност овозможува и директна помош и поддршка на лицата со оштетен говор, слух и вид.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола денеска, 30-ти септември, приреди промоција на 3 ДВД-а чија содржина се интерперетира и со знаковен јазик и ќе им бидат на располагање на лицата со оштетен говор, слух и вид.

Проектот „Секој има право да го разберат“ е поддржан од Министерството за култура и освен развој на библиотечната дејност овозможува и директна помош и поддршка на лицата со оштетен говор, слух и вид, истакна Науме Ѓоргиевски, директор на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.

– Во рамките на овој проект обработени се повеќе раскази во ДВД формат чија содржина се раскажува и со знаковен јазик. На овој начин направивме мал чекор но голем напредок кон социјална интеграција и еднакви можности на лицата со оштетен слух, говор и вид. Во трите ДВД-а поместени се раскази од македонски и писатели од странство, како и познатите цртани приказни за деца „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“ и „Црвенкапа“, посочи Ѓоргиевски.

Во проектот на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола беа вклучени и децата од ЈУ детска градинка „Естреја Овадија Мара“, клон „Пролет“, беше потврдено на денешниот промотивен настан во овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top