Денеска во „Порта Македонија“ во 18 часот ќе се одржи Осмата национална конфренција на рак на дојката. „2016 е година за борба против ракот на Македонија“ е темата на конфренцијата на која ќе имаат свои предавања девет еминентни гости кои ќе имаат свои предвања за ракот и методи за негово излекување.
На конференцијата ќе зборуваат Никола Тодоров, Министер за здравство, Влада на Р.Македонија, Капи Полк Бејли, сопруга на Амбасадорот на САД во Р.Македонија, Др. Сашо Стефаноски, Директор на ФЗОМ, др. Катерина Кубелка – Сабит, спец.патолог од Клиничка болница „Аџибадем Систина“, проф.др. Андреја Арсовски, торакален хирург, Прва приватна општа болница РЕ-Медика, др.Светлана Темелковска, спец.радиолог, Клиника за радиологија, Др.Маја Чапова Стојчевска, спец.радиолог, Клиничка болница „Аџибадем Систина“, м-р др. Мери Пешевска, спец.онколог, УКРО.
На оваа конференција, на иницијатива на Здружението „Борка – за секој нов ден “ која брои 13 подружници од цела земја, за првпат ќе се потпише меморандум за соработка со невладините организации: Македонското здружение за борба против рак и леукемија „Пеперутка„ Скопје, Антиканцер здружението „Животна искра„ Скопје, Здружение на заболени од хронично миелоична леукемија Скопје, Здружение на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици„, Битола, Здружение на граѓани за превенција и заштита на заболените од Хепатит, ХИВ и други заразно преносливи вируси „Хепар Центар„ Битола, кои се занимаваат со борба против ракот.
Со потпишувањето на меморандумот, се најавува и создавањето на Сојуз на организации на пациенти, во кој може да се вклучат и други здруженија, а 2016 година ќе биде прогласена за година на борба против ракот во Македонија, со што невладните организации ќе иницираат оформување на национална стратегија во областа на здравството и здравствената заштита со посебен акцент на малигните заболувања, подобрување на условите и квалитетот на живот на пациентите со малигни и други заболувања, обезбедување на посебен буџет за онколошки болести и дрги клучни цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст