Фотографии објавени на профилите на „Фејсбук“ и „Твитер“, за кои се смета дека се на синовите на избеганиот од затвор мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, фрлија светлина врз светот на богатството стекнато од дрога.
Профилите на Иван и Алфредо Гузман не се официјално потврдени.
Нивните профили изобилува со фотографии на оружје, луксузни автомобили, приватни авиони, егзотични животни, накит и алкохол, пишува Business Insider.
Се разбира, на фотографиите има сериозни количества на готовина.
Многу сметки од различни забави. Оваа е над 14 000 долари.
Синовите на Ел Чапо фотографираат и многу оружје
Не недостасуваат и фотографии со часовници, телефони и алкохол.
Некои од нивните играчки се приватни авиони …
… И многу автомобили. Во овој пост Алфредо Гузман пишува “Ова е мојот проблем наутро.”
На некои фотографии има автомобили со блиндирани стакла.
Има и неколку фотографии со диви животни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.