| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Кавалерија рустикана“ во МОБ се слави 150 години од раѓањето на Маскањи

Вечер во Македонската опера и балет ќе се изведе популарната опера во еден чин „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи, со која ќе одбележи 150 години од раѓањето на композиторот.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режисер Волфганг Вајт од Германија, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата на Лира Грабул.               .

Учествуваат солистите: Дешира Ахмети-Крлиу како Сантуца, Цветан Стојановски (Тируду),  Ристе Велков (Алфио), Олгица Милевска (Лола) и Марика Поповиќ (Мајка Лучија).

Драмата за страста, предавството и за одмаздата била праизведена во Рим во 1890 година, а на македонската сцена во 1947 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top