| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Трамп ги поддржува Русија и Иран за војната против ИД

Водечкиот претендент за номинацијата за претседателските избори во САД меѓу републиканците, милијардерот Доналд Трамп, ги поддржува заложбите на Русија и на Иран за создавање коалиција за војна против џихадистите на Исламска држава.

2012 Golden Goggle Awards

 

Во интервју за американаката телевизија „Ен-­би­-би“, Трамп кој и понатаму има уверлива предност пред другите републикански претенденти, ја повика администрацијата на претседателот Барак Обама, да ги поддржат „оние што сакаат уништување на ИД“ откако џихадистите запоседнаа големи територии во Сирија и во Ирак. Запрашан дали се согласува со оние што го поддржуваат Башар ал Асад, или оние што тврдат дека тој е одговорен за сирискиот конфликт, Трамп рече дека ги поддржува оние што сметаат дека ако Русија (со Иран) сакаат да војуваат против ИД, тоа треба да се поддржи, а не „љубоморно да се зборува“ дека не треба да се дозволи.

Американската Републиканска партија остро ја критикува досегашната политика на претседателот Барак Обама во Сирија и продолжувањето на војната, од која се роди милитантната исламистичка група ИД.

Во интервјуто, Доналд Трамп вели дека не е сосема јасно дали навистина Асад е причината за конфликтот. Тој смета дека уште помалку е јасно кој би го наследил на претседателската функција во сегашната ситуација во земјата.

– Оние што претендираат на таа позиција никој не ги знае, а уште помалку се знае дали нивното форсирање (од страна на Западот) нема дополнително да ја влоши ситуацијата во Сирија – смета Трамп.

Според него, САД „честопати“ се врзуваат за личности кои потоа работите ги прават полоши од порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top