Постојат три сценарија кога ќе му испратите на шефот фотографија од вашите голи гради: 1) отказ, 2) покачување и под 3) каков цар.
„Снапчет“ е еден од оние програми кои едноставно се створени за разголени фотографии. Но знаете што не е створено за разголени фотографии – вашата кариера.
Една жена планирала оваа фотографија да му ја прати на своето момче, но случајно му ја испратила на нејзиниот шеф.
На нејзиниот надреден му стигнало известување дека го чека фотографија. А таа беспомошно сфатила во што гледа човекот.
Ја поткренала маичка и напишала: само да видиш што пропушташ овој викенд. Несреќната жена додала и смајли. Но не било смешно. Кога сфатила што сторила, седела во длабочините на својот срам, а тогаш и пристигнал одговор.
Шефот ѝ испратил фотографија од рачно пишана порака.
„Здраво, веројатно ова не си го наменила за мене, но те молам внимавај следниот пат. Јас сум ти ШЕФ“, да, со големи букви.
„Снапчет“ е инаку платформа за испраќање фотографии. Најчесто разголени. Има околу 100 милиони корисници. И од сите тие оваа жена му ја испратила фотографијата токму на него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.