| четврток, 6 декември 2018 |

Мислите дека знаете со колку луѓе сте спиеле?

секс

Изгледа дека постои можност дека сте имале секс со повеќе особи. Да можеби звучи нелогично, но експерти истакнуваат дека иако просечниот бој на сексуални партнери на една особа е девет, но можеби сте биле „сексуално изложени“ на милиони луѓе кои практикуваат секс без заштита.

„Лојд Фармаси онлајн“ направиле калкулатор кој ја проценува изложеноста на сексуални партнери врз основа на податоците кои што вие ги давате.

Овој калкулатор е осмислен за да ги предупреди луѓето доколку спиеле со некој без кондом, тоа подразбира дека  „спиеле“ со сите луѓе со кои бил и тој изложен пред вас.

Доколку просечниот број на сексуални партнери е девет, калкулаторот истакнува дека сте имале 3.917.818 индиректни сексуални конекции.

Иако не е во прашање точен уред, може да овозможи приближна информација на основа на бројот на години и сексуални партнери со кои сте биле.

Во истражувањето за добивање на неопходни алгоритми учествувале 6.000 Британци

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top