Туристи од целиот свет патуваат за да ги посетат прекрасните летувалишта на Малдиви, на некој од нивните 26 мали острови или атоли. Многу од нив се изградени на изолирани места, за гостите да се чувствуваат мирно.
Погледнете кои се најдобри и најлуксузни хотели на Малдиви, според Billionaire.com:
Cheval Blanc Randheli
Овој хотел е дел од групата на „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“.Се состои од 45 вили на атол Ноону, на 40 минути со хидроплан северно од главниот град Мале.Вилите имаат сопствени инфинити базени, спа и градина.Хотелот располага со 5 ресторани, нуди и прошетка со јахта која често ја искористат парови на меден месец.
Цени: од 1 600 до 3 700 долари на вечер
Conrad Maldives Rangali Island
Лоциран е на два острова поврзани со мост. Има 50 вили над водата и 79 вили на копно. Две од вилите се наоѓа во своја лагуна. Подот на дневните им е од стакло, а под него е водата на океанот. Тие имаат кревет кој се врти и свој инфинити базен.
Во одморалиштето има 11 ресторани и барови, два спа центри, се нудат инструктори по нуркање, како и прошетки за набљудување на делфини и ајкули.Во „Ithaa Undersea Restaurant“ може да вечерате под вода. Да, токму така, тој се наоѓа под вода.
Цени: од 750 до 4 150 долари на вечер.
Naladhu
Тука има само 20 вили и ограничување од максимум 50 гости. Ова е можеби најскриеното одморалиште во областа. Се наоѓа на островот „Велиганду Хураа“ и до него се стигнува по вода од меѓународниот аеродром во Мале.
Најголемата вила е со две спални и површина 600 квадратни метри. Таа е на два спрата и има приватна плажа и поглед кон Индискиот Океан.
Секоја вила има свој базен и батлер. Во рестораните се служи свежа риба и тропско овошје.
Цена: од 1 760 до 7 965 долари на вечер
One & Only Reethi Rah
Овој комплекс се наоѓа на голем приватен остров. Има 128 вили кои се така распоредени, да не си пречат една на друга, а сите гости да имаат прекрасни глетки и пристап до лагуната.
Има фитнес центар на отворено, сала за јога над водата, бутици и ноќен клуб на плажа.
Цена: од 1 500 до 16 000 долари на вечер
Cocoa Island COMO
Остров Кокоа е мал и може да се обиколи за 10 минути. Околу него има коралн гребен, каде се организираат нуркања. Има 33 вили над водата, кои изгледаат како чамци.
Цена: од 960 до 3 240 долари на вечер
Velaa Private Island
Овој комплекс е во сопственост на чешки милијардер и изграден е на тркалезен остров во северниот дел на Малдиви. Тука доаѓале на одмор Џенифер Лопез и Шакира.
Има 45 вили, терен за голф, часови по нуркање. Еден од бунгалови се наоѓа над водата, па до него може да се стигне само со брод. Тој е најлуксузен од сите. Има батлер, џакузи, спа соба, огромен плакар.
Цена: од 2 000 до 19 000 долари на вечер
Jumeirah Dhevanafushi
Тој се наоѓа на два острова разделени со 850 метри корален гребен. Има вили над водата, како и на копно.
Подот во спа центарот е направен од стакло, а под него е океанот.
Во трите ресторана се сервираат азиски специјалитети, како и западна кујна.
Цена: 1 224 до 3 653 долари
Anantara Kihavah Villas
Повеќето од 79-те вили тука се наоѓаат над водата. Гостите тука гледаат почесто водата отколку земјата.
Спа центарот исто така е над водата, како и шестте ресторани.
Цена: од 1 185 долари до 9 501 долари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.