| четврток, 6 декември 2018 |

Ралф Лорен по 50 години веќе не е генерален директор на својата модна куќа

RLauren02NYAW08MM_b

Модниот дизајнер Ралф Лорен одлучи по 50 години работа да го напушти местото генерален директор на својата модна куќа. Тој останува на местото главен дизајнер во компанијата, а на местото директор ќе го замени Стефан Ларсон, поранешен директор на „Олд Нејви“. Оваа вест предизвика раст на цената на акциите на компанијата за 3,9 отсто, а истовремено акциите на „Олд Нејви“ паднале за 3,4 отсто.

– Тој разбира што значи да сонуваш. Во оваа работа се се врти околу сонот, бидејќи ако сонувате позитивно, ќе ви се случат позитивни работи – изјави модниот маг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top