Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ денеска во 19 часот ќе биде промовирано монографското издание „Војводата Питу Гули 1865-1903“ од поетот и публицист Кочо Топузоски.
За делото на најопеаниот македонски војвода, беседа ќе одржи проф. д-р Ванчо Геогиев. Со овој чин „Матица македонска“ од Скопје ќе го одбележи и големиот датум – 150 години од раѓањето на славниот илинденски војвода, симболот на одбраната на првото слободно парче земја-Крушевската Република од 1903 година.
Кочо Топузовски е автор на десетина литературни и публицистички дела, како и на монографиите „Никола Карев – живот и потоа“ и „Никола Карев-патешествија низ документи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст