| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ останала зачудена од глетката на гробот на својот син

Бисерка Петровиќ во понеделникот наутро дошла на гробот на својот син Дражен, а на него ја пречекало изненадување.

drazen-petrovic-foto-profimedia-1433675694-675083

Некој на гробот на поранешниот југословенски кошаркар оставил грст медали, без каква било порака и име.

„Се случувало и порано некој да остави медал, но тоа најчесто би бил еден со порака. Повеќепати имам најдено медал што некој му го подарил на Дражен за роденден или за годишнина од смртта. Но, овој пат ги имаше многу. Ги земав, добро ги исчистив, бидејќи два дена врнеше дожд, ги однесов во Музејот и ги избројав. Ги има дури 16“, рекла госпоѓа Петровиќ, која била пресреќна што никој не ги зел оставените медали во текот на двата дена колку што таа не била на гробот.

drazen-otisao-prije-19-godina-ali-i-danas-zivi-u-svima-nama-504x335-20120623-20120607134132-b6b0de39bf60c1ca4b4879336a9e2779

Би сакала лицето што ги оставило да се јави за да можам да му се заблагодарам и да ги внесам сите медали во евиденција. Станува збор за кошаркарски медали од помлади категории освоени на турнири во Хрватска и во Италија.

ushte-odeknuvaat-simfoniite-na-kosharkarskiot-mocart-13052

Тие ќе останат сочувани во Музејско–меморијалниот центар „Дражен Петровиќ“, кој се наоѓа до салата на Цибона. Бисерка има намера да отвори изложба со сите медали и слични предмети кои обожавателите на Дражен низ годините ги оставале на гробот.

muzej-drazena-petrovica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top