| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската обиколница затворена за сообраќај до петок

Francuski film obikolnica (13) (Custom)Обиколницата околу Скопје, од клучката кај Хиподром до клучката Сарај, и денеска е затворена за сообраќај поради снимање на филмот „А фонд“ на француската продукциска куќа „Чик филмс“.

Според најавата од „Чик филмс“ и „Манифактура продукција“ обиколницата ќе биде затворена до петок во периодот од 5 до 18 часот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.   

Автомото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top