| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Хадсон се заљуби во 13 години помлад шармер

кејт
Популарниот пејач Ник Џонас наводно е во врска со 13 години постарата актерка Кејт Хадсон.

Младиот музичар Ник Џонас одеднаш повторно се најде во центарот на вниманието. Откако пред неколку недели се шушкаше дека е лудо заљубен во манекенката Кендал Џенер, се чини дека сето тоа беше само шпекулирање
Откако ја прекина повеќегодишната врска со убавицата Оливија Кулпа, можно е да ѝ „паднал во очи“ на актерката Кејт Хадсон која очигледно се држи до она дека „младото е послатко“, бидејќи Ник е помлад од неа цели 13 години.
Ник и Кејт биле фотографирани минатата сабота во Дизниленд, потоа на неговиот концерт истата вечер, а ден потоа на појадок во Мајами.
кејт2
-Се запознаа пред неколку месеци, а бидејќи овие денови беа на исти локации, се слушнаа и се најдоа – рекол непознат извор за TMZ, тврдејќи дека станува збор само за пријателско дружење.
Кејт Хадсон беше некое време во врска со ѕвездата на емисијата „Танцување со ѕвездите“ Дерек Хју, со кој се гледала од декември минатата година. Актерката зад себе има пропаднат брак и свршувачка, а од тие врски има и два сина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top