| четврток, 6 декември 2018 |

Обрадовиќ: Со Антиќ, Фенеребахче е многу посилен тим

pero antic 1

Поранешниот македонски репрезентативец и прв од нашата земја што настапил во НБА лигата, Перо Антиќ ова лето ги засили редовите на Фенребахче и ќе работи под капата на најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ.
Антиќ доаѓа во тимот од Босфорот со големо педигре, бидејќи е двоен освојувач на Евролигата со Олимпијакос, а потоа две години со огромен успех настапуваше за НБА тимот, Атланта Хоукс со кој играше во финалето источната конференција.
Трофејниот стратег на турскиот клуб вели дека крилниот центар е големо засилување за евролигашот и дека ќе биде главна фигура во составот на клубот во новата сезона.

– Ја сменивме речиси цела екипа од минатата сезона. Сепак целите остануваат исти, напад на самиот европски врв. Покрај Богдановиќ, Весели и Махмути ги додадовме Антиќ и Удох. Двајцата се одлични кошаркари, уште на првите средби во Задар покажаа дека ќе бидат големи засилувања за Фенербахче и дека ќе бидат главен дел од нашиот тим. Сега, за нас следи авантура во САД каде ќе играме против НБА-екипи и ќе дадеме сѐ од себе за да се покажеме во одлично светло, но и пред сѐ – да се воиграме – вели Жељко Обрадовиќ.

На турнејата во САД, Фенребахче ќе одигра пријателски средби со Бруклин и Оклахома. Досега Антиќ одигра два меча за Фенребахче на турнирот во Задар. На двете средби беше одличен со двоцифрен број учинок на поени. Против Дарушафака имаше дабл-дабл учинок од 10 поени и 13 скока, додека против Црвена звезда реализираше 11 поени.
На финалето на турнирот против Баерн Минхен доби поштеда поради малата повреда на палецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top