Во последно време невработеноста добива сè повеќе непријатели, а граѓаните низ државата добиваат сè повеќе шанси да го пронајдат своето ново работно место, да ја подобрат својата финансиска состојба и да ја збогатат својата кариера преку разновидни нови можности во речиси сите индустрии.
Во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, овој септември почнува вториот по ред карван на саеми за вработување низ државата, каде што на сите граѓани ќе им биде овозможена шанса преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавци. Првата дестинација на овој нов караван на саеми за вработување е градот Прилеп.
На свеченото отворање на новиот караван за саемите за вработување, свое обраќање ќе имаат Влатко Поповски, Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија и Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, а во состав на овој прв саем свои излагања и презентации ќе имаат и дел од компаниите учеснички.
Саемот за вработување во 2015 година во Прилеп ќе се оддржи утре, среда, (30.9.2015), со почеток во 11.00 часот и ќе биде отворен за посетители сè до 14.00 часот. Место на одржување на овој саем е Домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.