Голем број жени се прашуваат дали би требало да имаат сексуални односи за време на „оние денови“, особено затоа што некои мажи токму во тој период имаат засилена желба за секс. Сепак, постојат многу дискусии на таа тема – од тоа дали е сексот за време на менструација дозволен, па до тоа дали е безбеден.
Асистент на Медицинскиот центар за женска сексуалност, Тара Форд, за магазинот „Хелтх“ одговорила на некои од овие прашања. Еве што треба да знаете:
ДОКТОРИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е ОДЛИЧНО
„Доколку на жената не ѝ пречи, би требало да има сексуални односи. Тоа е сосема природно и добро е за двајцата партнери“, вели Форд.
МОЖЕ ДА ВИ СЕ ДОПАДНЕ
Иако на некои дами помалку им е непријатно чувство да го практикуваат тоа, оние, пак, што пробале, не зажалиле. На некои жени им годат сексуални односи во тој период и тоа од две причини: еднaта е дека уживаат од чисто сексуална природа, додека другата причина е што им помага и здравствено бидејќи им се намалуваат менструалните болки.
НЕКОИ МАЖИ ГО САКААТ ТОА
И кај мажите доживувањата за време на секс во период на менструација е различен. На некои таа идеја им е одбивна, но има и такви кои уживаат во тој чин. Причината е што за време на менструалното крвавење пенисот полесно влегува во вагината. Треба отворено да разговарате со вашиот партнер за тоа и да слушнете какво е неговото мислење.
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЈА ЗАШТИТАТА
Постои заблуда дека не може да останете бремени и дека не можат да се добијат сексуално преносливи болести за време на „оние“ денови. Тоа е апсолутна невистина и морате да се заштитите дури и кога имате секс за време на менструација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.